АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Чесноста за мене е пред се зашто и по четири години сакам да ве видам со чисто лице и без срам, да пијам кафе со вас на Широк Сокак“. Вака кандидатката за градоначалник од редовите на СДСМ, Наташа Петровска им порача на своите сограѓани на партиската промоција што се одржа в очи почетокот на изборната кампања во Битола. Во преполната сала со стотици сопартијци и поддржувачи, таа одржа емотивен говор ветувајќи дека нејзиниот кабинет ќе биде отворен за сите граѓани и беше наградена со бурни аплаузи.
-Кабинетот на градоначалникот е просторија во која не се влегува сам и токму затоа тој ќе биде отворен за граѓаните. Никој не е доволно паметен и мудар сам за себе. Затоа мојот кабинет ќе биде ваш кабинет. Сакам да бидете мои очи, мои уши. Сакам и по четири години да ве видам со чисто лице , без да се срама , да пијам кафе со вас на Широк Сока. Да не им оставам товар на моите деца. Токму затоа за мене чесноста е пред се- рече Петровска.
Таа го привлече вниманието на присутните отворено зборувајќи за својот живот и евоцирајќи спомени за Битола на нејзината младост. Напоредно беше промовиран и видео материјал со колаж од семејни и фотографии од работното место кои ја прикажаа како мајка, сопруга, пријателка, наставничка, пријатна и достапна личност. Кажа дека по дипломирањето за професор по математика менторот ја прашал каде планира да продолжи, а таа без двоумење му одговорила „во Битола“. Така, станала наставничка по математика, помагајќи им на многу млади во личниот развој и стекнато знаење. Но, почувствувала потреба дека може повеќе да придонесе за градот и битолчани, посебно по периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ за кој рече дека и градот и друшите им ги раскопаа на битолчани.
-Во изминатите години ја гледав Битола поинаква од моите спомени и соништа. Со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, стана град во кој насмевските се изгубија. Многу млади си заминаа, град во кој училиштата се со блокирани сметки. Офицерскиот дом, некогашната радост , со денешниот изглед е нашата тага. Недостигаат аплаузите и восклиците од спортските терени, победите. Ми недостига чајот на Копанки, ми недостига нашиот чист воздух. Рскопаните улици се нашата сурова реалност, ама и душите ни ги раскопаа. Ги крешеа фонтаните, ги сечеа. Од која страна и да влезете во Битола не личи дека влегувате во град- рече Петровска.
По ова порача дека потребни се промени од страна на луѓе кои домаќински ќе ја водат општината.
-Ќе изградиме влезови во градот онака како што и доликува на конзулска Битола. Ќе го реновираме Офицерскиот дом, во мултикултурен центар за да одекнат повторно аплаузите и насмевките во него. Младите ќе имаат повеќе простор за различни спортови преку мултифункционалниот спопртски комплекс што ќе го изградиме. Ќе започниме со гасификација.
Понатаму вети, велосипедски патеки, паркови, почиста животна средина, градинки и старски домови со зголемени капацитети, а во школите одржувањето на хигиената и безбедноста да бидат на сметка на општината. Вети соработка со бизнис секторот и она што е рак рана на битолчани, Копанки повторно да стане место за чаенки на битолчани.