2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Времено запрен сообраќајот на патот зад стадионот

Декември 01, 2020

Затворен за сообраќај е патот зад стадионот “Под Тумбе кафе“ во Битола зашто пиротехничарите со помош на багер вадат гранати останати од Првата светска војна под патот. Тој нема да се руши, а денес се очекува да бидат извадени сите бомби што се наоѓаат под патот. 

Во делот каде што се работи патот е земјен, па поради поголема безбедност и за возачите и за пиротехничарите затворен е од двете страни. Тоа е делница која ја поврзува периферијата на Битола, стадионот и рекреативната зона Тимбе кафе со новата населба во касарната.

„Ги вадиме гранатите под патот. Да не одиме директно со рушење на патот, како што се поставени и се гледаат се ободуваме да ги извадиме и да видиме дали е тука крајот или има уште понатаму под патот. Сообраќајот е запрен зашто се работи под патот , па има тресење, вибрација. Поминуваат и камиони, а ние долу работиме со бомби. Патот е веќе затворен и нема веќе движење до завршување на денешниот ден со работа, а може и потоа да остане затворен ако се ископа дупка под него поголема“ , рече пиротехничарот Марјан Стефановски од Скопје вклучен во акцијата во Битола.

Ова е втор дел од акцијата за расчистување на неексплодираните убиствени средства од Првата светска војна кои беа пронајдени кај стадионот во Битола. Првата акција беше на крајот на октомври кога беа откриени над 500 гранати, а се гледаше дека бројката е уште поголема, па затоа се продолжи и во неомври.

„Во мометот се подигнати околу 10 604 гранати заклучно со вчерашниот ден. Денес извлекуваме нови гранати, а се очекува да излезат уште две до три илјади најмалку“, рече Ѓорѓи Стефанов, поротехничар од Битола.

Овој месец ќе започне ништење на гранатите на полигонот во Криволак, се претпоставува дека ќе бидат потребни сто транспорти со камиони за да се пренесат бомбите, а уништувањето ќе трае неколку месеци.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани