2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

255 лица починале од вирусот во Преспанско-пелагониската епархија, рече владиката Петар

Ноември 30, 2020

„Во Преспанско-пелагониската епархија од вирусот имаат умрено 255 лица до пред една недела. Во една недела ни починаа и двајца свештеници, еден на 78 години и најмладиот на 39 годишна возраст кој не боледуваше од нивкаква болест“, го соопшти владиката Петар црниот биланс во Епархијата на вчерашната црковна служба во храмот„ Свети Димитрија“ во Битола.

Тој рече дека болеста е сериозна и апрлираше до верниците да не ги слушаат поповите кои велат дека коронавирусот не постои.

 

„Оваа болест не е наивна и не е како што некои велат, за жал и некои свештени лица кои така велеа, не сакам да ги именувам, ама и тие заболеа. Им велеа на луѓето нема вирус. Вирус има, болеста е присутна, умираат луѓе, дури и патријарси, владици, свештеници, ѓакони, верници , служители во црквите. Никого не поштетува. Умираат и врвни лекари, што значи сериозна е болеста“, рече владиката.

Тој ги повика верниците да доаѓаат в црква, но подготвени, покрај со молитва и со маска. Како што рече не е срамота в црква да се носи маска за заштита. Но, посочи дека луѓето обратно ја користат маската, кога се сами ја носат, а кога ќе се доближат до некого да му кажат нешто ја симнуваат. Им порача на верниците задолжително да носат маски кога се приближувате до некого за комуникација, а кога држат растојание од две метри и не мора.

„Битола и Прилеп станаа Вухан македонски. Она што беше во Кина ни се пресели тука . Во цела Европа и пошироко по смртност сме најмногу ние Макдонците. Само во нашата епархија во изминатата година вкупно од крстени и венчани имвме 1100 повеќе умрени. Ние сме нација што изумира. Треба да се раѓаат децата и да се множат. Но кај нас се умира и нашето име ќе исчезне ако се продолжи вака. Имаме абортуси, се убиваат деца во утробите на мајките еве ги пооследиците, ќе дојде еден вирус, па друг, па трет“, рече г.Петар.

Уште додаде дека болеста од луѓето направи потенцијални убијци зашто не внимавајќи и не носејќи маски го шират вирусот и луѓе умираат, но и самоубијци зашто доколку знаеме дека некој е заразен, па со него комуницираме, свесно ќе се разболиме.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани