АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Екс градоначалникот на Могила, Стево Пивковски, за апла.мк , изјави дека она што го објавува Јасмина Гулевска, актуелната градоначалничка на Могила е чиста небулоза.Гулевска вчера обвини дека Пивковски за сметки по кафеани во изминатите 5 години потрошил над 52 илјади евра од буџетот на општината.
-Гулевска беше советник во предходниот состав на Општина Могила 4 и пол години и точно знае кој јадел и кој пиел, кој реално ги трошел тие пари. Ја прашувам со кои камења фрла по мене?
Нека каже дали таа е достојна за тоа или треба да фрли камен на себе, вели Пивковски.
Според него Гулевска редовно била на чело на софрите на советниците за што можат да посведочат и останатите советници од предходниот состав на Советот.
-Токму советниците после секоја седница трошеа и до 15 илјади денари за ручеци. За да не биде јавноста во заблуда подготвен сум на дуел со новата градоначалничка на било која телевизија , што таа ќе ја одбере, вели Пивковски додавајќи дека парите од буџетот на Општина Могила за време на неговиот мандат се трошеле транспарентно и отчетно за проекти во интерес на граѓаните на општина Могила.