АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Локалната самоуправа на Општина Могила започна со градежни активности за реконструкција на подрачното основно училиште „Браќа Миладиновци“ во село Мусинци.
Средствата за реконструкција на ова училиште се обезбедени од програмата на Обединетите нации - УНДП, преку проектот за зајакнување на општинските совети во висина од 1.200.000 денари, додека 179.829 денари се финансирани од Буџетот на Општина Могила.
-Овој проект е дел од низата проекти кои ги спроведува Општина Могила во делот на образованието, подобрување на воспитно образовните установи и создавање услови за непречено одржување на наставата на учениците и вработените. Повеќето училишта, половина век не претрпеле поголема реконструкција, за што проектите насочени за образованието се од големо значење за нашата општина, изјави градоначалнилничката Јасмина Гулевска
Од следната учебна година учениците во подрачното основно училиште во село Мусинци наставата ќе ја следат во целосна реновирана училишна зграда.
-Училишната средина е одраз на животот во заедницата. Со градење посигурно, подобро и поефикасно училиште со ефективен образовен процес се подобрува целокупниот живот во заедницата, порачува Гулевска.