2win800x200

Oбјавен е предлог буџетот на Општина Битола за 2021

Декември 12, 2020

Општина Битола го обајви предлог буџетот за 2021 година, кој како што информираат од таму, во рамките на можностите, вклучени се и идеите, предолозите и иницијативите на граѓани, здружнија, стопанственици. 

„Во текот на 2020 година организирани се повеќе средби со граѓани, он-лајн состаноци со невладини организации, здруженија, спортисти, претставници на бизнис секторот, родители, наставници, директори, пензионери и други претставници на различни области на општественото живеење. Во реализираните разговори, пред Градоначалничката  Наташа Петровска и стручните служби во Општина Битола, презентирани беа повеќе идеи, иницијативи и предлози, кои согласно можностите за реализација, беше побарано да бидат вклучени во годишните програми или развојната програма на Општина Битола. Свои барања за приоритетни проекти, до општината доставија и претставниците на урбаните и месните заедници, се наведува во соопштението од Општина Битола. 


Врз основа на ваквата соработка со граѓаните и пристигнатите предлози, изработен е предлог Буџетот на Општина Битола за 2021 година кој е достапен на увид.

„Заедничкото и транспарентно креирање на буџетот, има за цел заеднички да реализираме бројни проекти, кои потекнуваат од Вас граѓаните и се наш заеднички приоритет. Заедно, локалната самоуправа и граѓаните, можеме да реализираме многу повеќе и да работиме на реализација на визијата за живот во општина, каква што секој жител посакува, наведуваат од Општина Битола. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани