2win800x200

Да ѝ кажеме на таа проста Европа, никаква…нема да се смениме, ако не сакате земете нѐ, како не на двобој, порача актерот Огнен Дранговски

Февруари 15, 2018

„Да ѝ кажеме на таа проста Европа,  никаква,  дека ние сме еретици и варвари, но не во негативна смисла. Ние сме тие и нема да се смениме ако не сакате земете нѐ , ако не на двобој“, порача битолскиот актер Огнен Дранговски на денешната прес конференција по повод новата премиера на Народниот театар „Коцкар“ по текст на Достоевски, а во режија на Дејан Пројковски.

 

Дранговски, ова го изјави додека го објаснуваше ликот на Алексеј Ивановиќ што го игра во претставата,  а за кого рече дека е лик кој ја предизвикува и Европа на двобој.

„Тој лик се соочува со лицемерниот однос на Европа кон нас Славјаните, се нарекува  варварин и еретик. За жал и ден денес е така во Европа, каде и да одиме секаде не потценуваат за тоа што го носиме самите со себе. Тој се бори против стерилноста на Европа, против стереотипите на Европа, против стереотипите на целото општество кое не опкружува нас во Македонија.“

Понатаму, Дранговски истакна дека со колегите можат да напарават и докторски труд за тоа кој е коцкарот во Достоевски, што е тоа рускиот Хамлет, што е тоа македонскиот Хамлет во овој случај.

„Само да ги смените зборовите Русите во Европа, во Македонците во Европа, ќе биде исто и денес како во 19 век. Ништо не се променило. Само што денес имаме можност ние повеќе да реагираме преку театар и преку социјални и преку секакви медиуми, да ѝ кажеме на таа проста Европа, никаква,  дека ние сме еретици и варвари, но, не во негативна смисла. Ние сме тие и нема да се смениме ако нѐ сакате земете нѐ, ако не на двобој“, рече Дранговски.

Тој е еден од  најпродуктивните драмски актери од Народниот театар во Битола, кој во изминатиот период одиграл голем број на претстави на домашната, но и меѓународната театарска сцена. Дранговски пред пет години беше првиот битолски актер кој замина на работен престој како дел од меѓународната театарска дружина во легендарниот „Глоуб театар“ во Лондон, а и следната година му беше понудено да игра во претставата „Венецијанскиот трговец“..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани