АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нови работни места за битолчани во турска инвестиција за производство на машини за чистење на улици, најавува Александар Кирацовски, генералниот секретар на СДСМ, во изјава за апла.мк.
Деталите за инвестицијата дополнително ќе бидат соопштени.
Денеска на својот фејсбук профил Кирацовски најави осум нови странски инвестиции во државата.
-Осум нови компании влегуваат во реализација на своите проекти во Македонија, со инвестиции од 73.5 милиони евра и отворање на над 1.500 нови работни места. Планот за економски раст покажува резултати, влегуваат реални инвестиции во Македонија. Заврши времето на лажните, виртуелни инвеститори како Субрата Рој, пишува генералниот секретар на СДСМ ,Кирацовски на својот фејсбук профил.