АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Првото место на листата на граѓани кои оставриле највисок годишен бруто доход за 2019 во државата, припадна на граѓанин на Битола, кој пријавил 211 милиони денари или 3,5 милиони евра.
По него е скопјанка со бруто доход за ланската година од 172 милиони денари или 2,8 милиони евра
Како што објави УЈП, највисоката годишна брута плата во 2019 година е испалтена на граѓанин на Струга, 114 милиони денари или 1,8 милиони евра и припаѓа на индустријата со метали. На листата највисоко рангирани плати е и секторт здравство, аптеки, образоавние , канцелариски услужни дејности и производство на горна облека.
Највисокото лично примање по друг основ лани било 48 милиони денари или 790 илјади евра за повремено вршење услуги за градежна компанија.
Највисоката дивиденда е 210 милиони денари или 3,4 милиони евра е исплатена во Битола на сопственик на бизнис кој припаѓа во дејностите на градежништвото.
Во самостојното вршење на дејности во 2019, највисокиот доход изнесува 44 милиони денари или 721 илјади евра , а во топ 10 рангирани на оваа листа се адвокати, нотари, извршители и угостители.
Дека од земјоделството може добро да се живее покажува примерот за земјоделец од Скопскиот регион кој од продажба на земјоделски производи лани заработил 32 милиони денари или 524 илјади евра, а гевгеличанец по истиот основ заработил 11 милиони денари или 180 илјади евра
Највозрасниот Македонец кој остварил над 1 милион денари приход има 101 година, а најмладиот милионер во нашата држава има 6 години и лани оставрил доход од закупнина над 1 милион денари.