2win800x200

Синдикатот на ФОД и Театарот со новогодишна донација за Детското одделение во Битолската болница

Декември 29, 2020

 

Синдикатот на ФОД Битола заедно со Битолскиот театар донираа новогодишни подароци за децата, пациенти во  Детското одделение во Битолската клиничка болница , ане го изоставија ни персоналот на ова одделение, донирајќи им средства и скафандери за заштита од Ковид-19.  
-Детската радост е непроценлива и незаменлива со ништо на светот, зар не?
Со цел да ја испратиме старата лоша година и да ја дочекаме новата со насмевски, синдикатот на ФОД ДООЕЛ БИТОЛА во соработка со Н.У. НАРОДЕН ТЕАТАР – БИТОЛА, повторно ја покажаа својата хуманост и измамија насмевки од дечињата во детското одделение на Клиничката болница – Битола подарувајќи им новогодишни пакетчиња.
Исто така не го заборавија и медицинскиот персонал од ова одделение подарувајки им дезинфекциони средства, заштитни маски, скафандери за подобра заштита при работењето во новата година.
На сите им посакуваме многу здравје и безброј насмевки во 2021 година, порачуваат од ФОД и Битолскиот народен театар.
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани