2win800x200

Партиски препукувања-Колку чини ископот на јаглен во РЕК-Битола?

Февруари 18, 2018

ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести, а ископот на јаглен е за 40 отсто поевтин од периодот кога ВМРО-ДПМНЕ раководеше со ЕЛЕМ и РЕК Битола, реагира Социјалдемократскиот сојуз, по обвинувањата упатени на негова адреса дека платил двојно повисоки цени за ископ на јаглен за РЕК Битола.

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата чиешто владеење ќе остане запаметено по расипништво и милионски криминални тендери, очајно продолжува да шири лажни вести.

Последна лажна вест е дека се платени двојно повисоки цени за ископ на јаглен во РЕК Битола. Според јавно достапните информации, цената за ископ изнесува 88 денари по гига џул, што е за 40 отсто помалку од претходната цена од 144 денари по гига џул колку што претходно им биле плаќани на „Трансмет“ и бизнис партнерите на Никола Груевски“, стои во реакцијата на СДСМ.

Владејачката партија бара од опозицијата да објасни зошто за време на нивното владеење, кога со РЕК Битола и ЕЛЕМ раководеа нивни кадри, цената за ископ била толку висока и каде завршувале парите од разликата меѓу реалната и напумпаната цена.

ВМРО-ДПМНЕ претходно обвини дека СДСМ платил двојно повисоки цени за ископ на јаглен за РЕК Битола и дека буџетот е оштетен за милионски суми.

„СДСМ на очиглед на сите ги троши парите на просечниот граѓанин за да ги задоволи апетитите на своите олигарси. Имено за наводна итна зделка се платени двојно повисоки цени за ископ на јаглен за потребите на РЕК Битола. Милионскиот скандал кој го предизвика неспособното раководство на РЕК Битола ќе се исплати директно од џебот на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение испратено до јавноста.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани