АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Според бројот на бебиња кои во првиот ден на свет дојдоа во Битола, ова ќе биде плодна година. На први јануари до 20, 30 часот се родија 10 бебиња. Од нив осум во Клиничката болница во Битола, а две во приватната болница Плодност. Од нив шест се машки, а четири девојчиња.
И градоначалничката на Битола, Наташа Петровска на фб напиша дека во првиот ден од оваа Нова година градот доби уште 10 нови жители.
Првото бебе за годинава се роди една минути по полноќ, во Клиничата болница во Битола на гинеколошко-акушерското одделение, Методиј, со родилна тежина 3150 гр, и должина. 50 см,.кој воедно е прва радост на неговите родители.