2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

РЕКАТА ДРАГОР ОТКИНА ДЕЛ ОД КОРИТОТО, ПОТПОРНИОТ ЅИД ЈА СПАСИ ПУМПНАТА СТАНИЦА НА ВОДОВОД

Јануари 10, 2021

Реката Драгор надојде и откорна дел од речниот брег кај населбата Довлеџик во близина на пумпната станица на Јавното претпријатие „Водовод“ во Битола. Потпорниот ѕид што Општина Битола и ЈП „Водовод“ го подигнаа во летото од поплава ја спаси пумпната станица која со вода ја снабдува Битола и три околни општини. Со ова иако, ситуацијата на терен е ризична граѓаните не останаа без вода. Со водената стихија на терен се борат екипи на сите јавни пртпријатија од Битола, но и државни како „Стрежево“ и „Битолско поле“, но и изведувачи кои помагаат и со вработени и со механизација.

Директорот на ЈП „Водовод“ Горан Козаров рече дека на трен ќе се работи се додека не се санира состојбата со откинатиот дел од коритото и нема опасност од нови излевања на реката.

„За час и половина обилни врнежи придонеса за кинење и однесување на делови од речното корито. Благодарение на навремено изградениот потпорен ѕид се спаси пумпната станица да не дојде до поголема катастрофа и градот да остане без вода. Ѕидот се покажа дека е правилно решение, треба да се продолжи надолу за комплетно да биде заштитен овој стратешки објект. За четири општини да не останат без вода и граѓаните да пијат чиста технички исправна вода се превенира тука, се работи , ќе останеме на терен додека не се среди работата“, рече Горан Козаров, директор на ЈП „Водовод“.

Речното корито се наполни со вода, поради надојдените пелистерски водотеци. Од Јавното претпријатие „Водовод“ уште утрово соопштија дека полни со вода се водотеците на Пелистер, Лак Поток и Црвена Река од кои претпријатието црпи вода.

„Поради обилните врнежи водата од изворите што ги зафајќа Водовод е матна и не може да се употребува и филтрира, па градот и околните општини се снабдуваат со вода од Хидроситемот „Стрежево“, рече Козаров.

За да нема излевање на реката и да не дојде до понатамошно туркање на земјиштето се носи земја, чакал, шут.

„Собирање на целокупниот градежен шут во делот на касарната кој ќе биде доставен тука и ќе се изврши санација на овој сериозен пробив кој е направен. Специфично е тоа што токму во горниот дел од рекатра го имаме овој сериозен наплив на вода. Воглавно, во минатото се случувале преливања и ископи во долните делови, но човечкиот фактор е важен за да ги амортизира и санира вакви те појави“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Обилните вренежи создадоа и други критични точки во Битолско, како што е патот во село Остртец, во село Породин и на други места. .

 

137230460 1363706150644617 7110181735157215073 n

137257014 847551252753820 5216384704946190274 n

138149447 182314573581029 4468861137084783468 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани