АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Утрово најстудено е во Битола каде се измерени -13 степени по што следуваат Крушево со -11 и Берово, Претор и Дебар со -9 степени. Во Тетово, Охрид, Прилеп и Пожаране утринската температура е -8, во Крива Паланка и Виница -6, во Струмица и Куманово -4, во Скопје, во Штип и во Демир Капија -2 степена.
Најмногу снег има наврнато во Битола 28 сантиметри. Во Крушево висината на снежната покривка изнесува 13 сантиметри, во Охрид 12 сантиметри, а во Берово, Дебар и Претор 7 сантиметри, во Петровец кај Скопје се наврнати шест сантиметри, во Тетово – пет, во Крива Паланка, Штип, Прилеп и Пожаране 3, во Струмица 2 и на Зајчев Рид во Скопје, во Куманово и Демир Капија 1 сантиметар.
За денес метеоролозите најавуваат сончево време со умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, а во текот на ноќта во југозападните делови ќе провејува слаб снег.
За време на викендот и во почетокот на наредната седмица ќе преовладува претежно суво и многу студено време, со дневни температури кои во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Ќе дува слаб до умерен, а за време на викендот вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во сабота ќе има локални слаби врнежи од снег.
Извор: УХМР