2win800x200

Избран изведувач за енергетско реновирање на делови од спортската сала „Боро Чурлевски“

Февруари 14, 2021

Избран е изведувачот и потпишан е договор за енергетско реновирање на делови од спортската сала „Боро Чурелевски“ во Битола, соопшти на својата ФБ страница градоначалничката Наташа Петровска. Реноворањето ќе го изврши МЗТ Инженеринг, а ќе се состои во следните актиовности:

-покривање на кровот на главната спортска сала со набавка и монтажа на енергетски ефикасен кровен покривач со изолација со површина од 3000 метри квадратни,

-покривање на кровот на дел од влезната сала со површина од 1000 метри квадратни, со набавка, транспорт и монтажа на енергетски ефикасен кровен покривач

-демонтажа и замена на постоечките тавани со нови со површина од 1330 метри квадратни , со вкучена набвака, транспорт и монтажа

-замена на дел од постоечките прозорци со нови енергетски ефикасни што вклучува промена на 65 парчиња со вкупна површина од 346 метри квадратни , со вкучена набавка, транспорт и монтажа;

-монтажа на филтер за час за биомасниот котел во котларата, со вклучена демонтажа , отстранување и повторна монтажа на постоечката опрема според потребите на филтерот , комплетен сет на материјали и работна рака, како и набавка, транспорт и монтажа на филтерот со придружна опрема, материјали и работна рака.

„Факти кои значат (јасно, не за оние кои сакаат да забораваат за нивните минати поинакви погубни политики). Избран е изведувачот МЗТ Инженеринг со склучен договор за позиции во спортската сала прикажани во табелата подолу. Дополнително: за нештата да бидат појасни. Тие најпрво имаа идеја да потрошат средства за греење за Офицерски (ненеправен). Не знам што ќе затоплуваа?! Потоа се предомислија за греење на спортската сала со нездрав покрив и стара дограма, на што иронично прашав - што ќе грееме, паркот?! Затоа, парите ги насочивме за гореспоменатите позиции. Е сега на обезбедено санирање на објектот можеме да зборуваме за следните фази“, напиша Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани