АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Eден дел од персоналот од КОВИД 19 центарот на Инфективното одделение и од Клиничка болница Битола, ја прими првата доза од Фајзеровата вакцина во Модуларната болница во Клиничкиот центар Скопје, објавија од Битолската болница.
Од таму велат дека самиот процес на вакцинација беше реализиран максимално безбедно и навремено со почитување на сите предвидени процедури и протоколи. Ревакцинацијата е закажана за три недели. Кај ниту еден од вакцинираните не се манифестираа несакани ефекти и реакции, сите се чувствуваат добро.
,,Препорачуваме сите граѓани без разлика на возраст да се вклучат во процесот на вакцинација против САРС-КоВ-2,со цел да ја добиеме битката со овој моќен непријател и целата планета да живее мирен и спокоен живот", апелираше прим. Д-р Ели Димитровска, раководител на инфективно одделение во Клиничка болница Битола.