2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Публиката се врати во Битолскиот театар- Стоечки аплаузи за премиерата

Февруари 19, 2021

Аплауз и полна сцена, колку убаво изгледа и звучи тоа во овие чудни времиња, дури лековито! Ова го соопштија од Народниот тетатар од Битола, а беше и заедничкиот впечаток на актерите и публиката, откако синоќешната премиера „Ноќта кога ја убив Месечината“ ги наполна сите седишта предвидени за публиката. Присутните гладни за театар по изведбата на претставата, актрите ги наградија аплаудирајќи им простум.

Претставата е во во адапација и режија на Марјан Ѓорѓиевски на текстот „Мост“ . Сценографијата е на Валентин Светозарев,костимографијата на Благој Мицевски, кореографијата е на Валентино Апостоловски. На сцената на Битолскиот народен театар ќе биде одиграна и вечерва, а изведби се закажани и за 24 и 25 феврураи од 20 часот.

Играат :

АЗ (човек од висока класа): Александар Копања

БУ (човек од средна класа) : Марјан Ѓорѓиевски

Просјакот: Валентин Светозарев

Инспициент: Димитар Михајловски

Шминка и фризура: Сашо Мартиновски

Фотограф: Љупчо Илиевски

Претствата беше одиграна според препораките за заштита од ковид-19. Во изминатиот период поради пандемијата во Битолскиот театар немаше претстави со физичко присуство, па премиерата им овозможи ретко културно насладување во последно време на љубениците во тетарот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани