2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

СЕДУМ ГОДИНИ ВЕТУВАА, А НЕ ЈА ТОПЛИФИЦИРАА БИТОЛА, СЕГА СЕ ЛУТAT ДЕКА ИМ ГО УКИНУВААТ ПРОЕКТОТ

Март 01, 2018

Иако во неколку изборни циклуси, парламентарни и локални, ВМРО-ДПМНЕ ветуваше топлификација на Битола, во своето повеќегодишно владеење не ја спроведе, па сега ја обвинуваат новата власта дека им го укинува проектот.

 

Приказната за топлификација потече во 2011 година кога Антонијо Милошоски, носител на кандидатска листа од ВМРО-ДПМНЕ пред битолчани изјави „имаме значаен проект за Битола, почнува на буката т, но не е ТАТ зашто ние не сме СДСМ, туку во следните четири години ќе го топлифицираме градот“.  Потоа поранешниот вице премиер Владимир Пешевски пушти во употреба постројка за одземање на пареа од турбината на третиот блок. Како дежаву на последните парламентарни избори, истата партија и кандидат за пратеник Милошоски пак ветуваа топлификација во износ од 47 милиони евра. Ветија дека со неа ќе се промени начинот на живот во Битола и ќе се намали загадувањето зашто повеќето домаќинства наместо на дрва ќе се греат на топлинска пареа.

Топлификацијата беше дел и од предизборните ветувања на битолскиот ексградоначалник Владимир Талески, но на терен се до крајот на неговата власт не поставија инфраструктура.

По сето ова, советникот на ВМРО-ДПМНЕ Горан Степановски на денешната прес конференција го обвини новото раководство на РЕК дека го стопира проектот кој ќе придонесе за почист воздух во Битола, па според тоа, претходните заложби на власта како опозиција за здрава живота средина биле популизам.

„Васко Ковачевски, поранешен пратеник и актуелен директор на РЕК јавно се огради и најави стопирање за еден од најзначајните проекти за Битола, топлификацијата. За овој проект беше изработена физибилити студија од која произлезе дека е еколошки оправдан после споведената анализа за придобивките со замена на индивидуалните ложишта од домаќинствата и становите во Битола со топлинска енергија која ќе се добива од РЕК. Со овој проект одобрен е кредит во висина од 39 милиони денари од германската банка во декември 2016 година, кредит кој е наменски и не може да се пренамени“, рече советникот Горан Степановски.

Запрашан зошто тие во изминатите 10 години додека беа централна власт и 12 години локална не го реализираа, за денес да не обвинуваат други дека им го укинуваат проектот, рече дека бил одложуван поради некои оправдани причини.

Васко Ковачевски, директорот на РЕК на емисијата „Отворено“ емитуана на ТВ 24 рече дека проектот е даден на ревизија за да се утврди неговата економска и еколошка оправданост.

„Топлификацијата е ставена под знак прашалник, не само од нас како ново раководство туку и од стручната јавност. Дали овој проект е економски и еколошки издржан? Физибилити студијата за топлификација, користењето и носењето на пареата до РЕК до Битола се предвидува да се носи по цевковод, но со пригревање на три подстаници за кои ќе се користи мазут, а тој го загадува воздухот. Економски кога ќе видиме дека за истиот треба да се потрошат преку 70 милиони евра, а времетраењето на експлоатацијата и работењето на РЕК е 15 до 20 години, испаѓа дека математиката е многу високо и граѓаните ќе ги чини тоа многу скапо“, рече Ковачевски.

Тој појасни дека како власт планираат гасификација на Битола и дека не е во ред да се залажуваат граѓаните со два проекти..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани