2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битола - град претежно раководен од жени (анализа на Апла.мк)

Март 08, 2021

Сѐ поголем станува бројот на жени на раководни функции во општина Битола. Така е тргнувајќи од Општината, администрацијата, советничките комисии, здравството, судство, образованието, па се до приватните фирми.

Битола како Општина повеќе од три години има градска мајка, поточно за првпат ја води жена градоначалник, Наташа Петровска. Заменик градоначалник е исто така жена, Емилија Костурска. Во Советот од 31 советник, 13 се припаднички на понежниот пол, што би се рекло скоро половина. Од 22 советнички комисии, дури 12 се раководени од жени.

Во општинската администрација пак, има повеќе од двојно раководителки од раководители на одделенија и сектори. Поточно, од 17 служби, дури 12 се раководени од жени. Еве дел од нив, Сектор за финансии Наташа Лукиќ, Одделение за имот и имотно-правни работи Соња Милекова, Одделение за спроведување урбанистички планови Весна Јурак, за урбанистичко планирање и заштита на животна средина Валентина Андријашевиќ Кривашија, Одделение за комунални дејности Маријана Спасевска, за буџетска координација Благица Талевска и други.

Ваквиот тренд не е застапен во јавните претпријатија, каде преовладуваат мажи за директори, со исклучок на две жени во Индустриската зона „Жабени“, Анита Крстевска и ЈП за урбанизам, Марија Божиновска. Воедно, и Старскиот дом „Сју Рајдер“ за директор има жена, Јулијана Ивановска.

Битола во Парламентот има и три пратенички, Бисера Костадиновска Стојчевска, Олга Лозановска и Силвана Ангелевска. 

Сите државни здравствени институции во Битола се раководени од жени. На чело на Клиничкиот центар „Д-р Трифун Пановски“ е директорката Билјана Гагачовска, на Здравствен дом „Хаим Абраванел“ Весна Спиркоска, на Центар за јавно здравје, Елизабета Крстевска. Со ова доминираат жените и во Кризниот штаб во Битола.

Во образованието најголемиот дел од директорите се жени. Од 12 основни училишта на територија на општина Битола, дури со десет раководат жени. Од седум средни училишта, директорки има само во две, Гимназијата „Јоспи Броз Тито“, Фани Наумовска и Медицинско училиште Наташа Илиева.

На чело на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ е ректор, но во ректорската управа од 19 членови 8 се жени, од 12 декани дури шест деканки.

Женска рака има и во управувањето со Студентскиот дом , каде директор е Соња Крапец, како и во Средношколскиот дом Елена Патче Спасеновска. Воедно, на чело на Фондот за здравствено осигурување е Верица Здравковска, а на Центарот за социјални работи Моника Стојчевска. И Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас „Кочо Рацин“ има жена за директор, Валентина Стојковска.

Од областа на културата, во четирите државни инстутуции, две се директорки, на Центарот за култура Маја Андоновска Илијевски и на Завод и музеј Мери Стојанова. 

И со Основното и Вишото јавно обвинителство во Битола раководат жени судијки, тоа се Лиле Талевска и Мери Тромбева.

Од 12 конзуларни преставништва во Битола, кои се активни, денес има само три жени конзулки, и тоа на Австрија, Валентина Илиева, на Франција Клиопи Кривашија Стилиновиќ и на Босна и Херцеговина Билјана Дамјановска Јанчевска.

Далеку поголем е бројот на жени кои управуваат со приватни бизниси и секојдневно се докажуваат дека денес жените се успешни во областа на сите професии.

Ж.З. 

.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани