АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод престојниот Ден на жената, Организацијата на жени од Битола ја постави изложбата „Битолчанки низ фотографии“ истакнувајќи го придонесот што за градот го дале дваесет истакнати жени борци, создавачи, истражувачи, професори, лекари, кои биле први во нивните професии, а денес не се меѓу нас. Изложбата е отворена во фоајето на Центарот за култура.
Денес ги пренесуваме информациите за останатите десет познати битолчанки кои се дел од изложбата, а десет објавивме вчера.
-Билјана Опашинова (1948 -2017) борец за правата на жените и хуманитарец, поранешен претседател на Организацијата на жени,
-Анча Ристевска , членка на АФЖ, за време на НОВ подготвувале храна и облека за борците.
–Севасти Киријази (1871-1949) од истанкато албанско семејство кое било со просветни работници, издавачи и јавни личности од албанскиот период на националното будење. Била пионер на албанското женско образование. Била првата албанка која студирала на Роберт колеџот во Цариград. Се смета дека објавила граматика за основните училишта и уредила ученик по историја. Сестрите Кирјази се сметаат за мајки на албанското образование. 7 март е официјален ден на учителите во Албанија во знак на сеќавање на семејното училиште Кијијази отворено во 1891 гопдина.
-Параскеви Киријази (1880-1970) албанска наставничка која цел живот го псветила на албанската азбука и на наставата на пишан албански јазик. Била единсвената жена учесник на Конгресот во Манастир , на кој се одлучило за формата на албанската азбука.
-Захарија Шумљанска добротоврка, по Илинденското востание отворила народна кујна каде редовно се давале бесплатни оброци за сираците и бедните деца од градот, а потоа формирала и и Дом за сираци. Редовно организирала собирање на доброволни прилози во прехрамбени производи, облека, подароци .
-Кетрин Харлеј е британска мисионерка, но поради помошта што ја давала за време на Првата светска војна во Битола, се сврстува меѓу жените кои направиле дела за овој град. Отворила Дом за сираци и од свои средства ги издржувала. Домот работел до 7 март 1916 кога таа загинала во бомбардирање на Битола.
-Сашка Петковска популарна македонска пејачка со освоени многу награди, изведувач на незаборавните хитовци „Бакни ме“, „Чао Адио“ и многу други. Беше член на групата Македонија. Загина во сообраќајка на 32 години.
-Мери Бошкова –театарска, телевизиска и филмска глумица, доајен на македонската актерска уметност . Ја играла насловната улога во првиот македонски долгометражен филм „Фросина“, како и во првата македонска филмска комедија „Мирно лето’’. Добитник на многу признанија во нејзината богата актерска кариера. Носител била на главните улоги со кои се прославила во МНТ во Скопје: Живка во „Госпоѓа Маинистерка“, Дездемона од Шекспир, бароницата Кастели во „Господа Глембаеви“ и други. Во Белгард се прославула со „Коштана“ на Станковиќ , „Тетовирана Ружа“ на Тенеси Вилијамс и другио.
-Олга Наумовска првенка на Народниот татар во Битола и една од водечките имиња на македонска глума. Родена била во Прилеп, но глумела во Битолскиот театар. Извела голем број на улоги, со прекрасна говорна модулација и големи внатешни пропорции во градењето на ликовите.
-Зина Креља прочуена македонска оперска и концертна певица (сопран). Била една од најголемите личности на југословенските простори. Се школувала и на Академијата „Санта Чечилија“ во Рим. Настапувала во Загреб 1944 година, , реалзирала повеќе од 20 главни улоги. Особено впечатлива останува нејзината креација во улогата на Виолета Валери во „Травијата“ што ја пеела на 156 претстави.