АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Продолжуваат со пол капацитет градежните активности во делот од Градскиот пазар -Битола во близина на Управната зграда каде се работи на изградба на настрешници во функција на објект на ЈП Пазари. Градоначалничката Петровска, заедно со директорот на ЈП Пазари Владе Атанасовски, претседателот на Советот Валентин Груевски и екипите задолжени за реализација на проектот, извршија увид во градежните работи на терен. Градоначалничката потенцираше дека со завршувањето на оваа делница од пазарот, се надминува уште еден горлив проблем и за продавачите и за купувачите, во насока на обезбедување нови и современи услови во еден од најубавите пазари во земјава.
-Проектот опфаќа поставување на водоводна и електрична инсталација, по што ќе се изврши целосно поплочување на овој дел и ќе се постават челични настрешници, метални тезги и ограда, велат од Општина Битола. Работите претходно кусо време прекинаа поради изведување на археолошките истражува во пазарот од страна на стручниот тим на НУ Завод и музеј Битола.
Во меѓувреме заврши реконструкцијата на управната зграда на ЈП Пазари со енергетска ефикасна фасада, а беа поставени и фотоволтаични панели за сопствено производство на електрична енергија.