2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Комуналец се поднови со две нови возила за собирање отпад, инвестиција од 15 милиони денари

Март 18, 2021

Јавното претпријатие „Комуналец“ набави две комплетно нови возила за собирање отпад, инвестиција од 15 милиони денари од сопствен буџет. Со ова претпријатието располага со 16 вакви возила, од кои три нови, двете сега набавени и едно минатата година преку проектот Симбиоза. Трите возила се во врденост од 22 милиони денари. Со овие инвестиции се планира проширување на организираното собирање на сметот и во некои од околните села.

„Во делот на комуналната хигиена, пак, неодамна беа набавени нови контејнери за отпад и стакло, а сега новата инвестиција од 15 милиони денари е во два нови камиони за подигање на отпад од по 14 метри кубни, но ова ни даде право да размислуваме и за опфаќање на нови реони, посебнио од руралните средини, за што водиме разговори со населението во Меџитлија, Цапари, Доленци, се направи и разговор со жителите од село Егри, а ќе следува и разговор со жителите на Поешево. Со ова се повеќе го прошируваме опфатот на организирано управување со отпадот на цела тертиторија на општина Битола“, рече Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец“.

Градоначалничката Наташа Петровска рече дека во изминатиот период од 3 години и четири месеци се вложени над 59 милиони денари за мултифункционални трактори, специјализирани возила и механизација која е потребна за работа на ова јавно претпријатие.

„Сето ова покажува дека и јавните претпријатија како и општината се во исклучително стабилна финансиска сотојба како би можеле да ги подобруваат условите за работа на нивните вработени, а воедно и да овозможат подобра и побрза услуга кон граѓаните“, рече Петровска.

-Планираме набавка и на помали возила за собирање на отпад бидејќи знаеме дека во нашиот град имаме и потесни улици и на тој начин би овозможиле полесно да ги изведуваме ваквите услуги кон граѓаните кои живеат на нив. Токму со набавка на нови возила не само што се овзоможуваат подобри услови туку и дополнително се прави финансиска заштеда зашто секогаш помал трошок имате кога возилото е ново отколку одржување на застарено возило“, рече градоначалничката.

Богоевски најави пролетна офанзива на активносто на ЈП„Комуналец“ , притоа посочувајќи дека од проектот за економично лед осветлување на Битола ја реализираат завршната фаза и комплетно ќе биде готова до крајот на оваа пролет. Во делот на паркови и зеленило неодамна пренаменаа парк за мисленици, а нека остани мала тајна, рече тој, она што ќе следува во наредниот период со нови содржини оваа пролет.161835989 378750840030952 5264285176608211843 n

И подземните контејнери ќе почнат да се поставуваат во април.

„Некои скептици неодамна кажуваа дека подземните контејнери ќе бидат многу далеку некогаш изведени. Но, и со тоа сме во завршна фаза на добивање на потребните документи и во април очекуваме изведба и поставување на првите подземни контејнери на улица Васко Карангелевски“, рече Богоевски .161814662 365767787855088 4634745999052789130 n

161903461 1335612420171740 3571163352645466847 n

162049431 2509174746058164 1068325043653940115 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани