2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Силни пораки за еднaквост одекнаа од ОУ„Тодор Ангелевски“ за Денот на деца со даунов синдром

Март 19, 2021

Пораки за солидарност, недискриминација и почит кон лицата со попреченост денес беа прикачени на дрвцето што во дворот на Основното училиште „Тодор Ангелевски“ во Битола го засадија Јулијана Трајчевска, претседател на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, градоначалничката Наташа Петровска и директорката на училиштето Љубица Стерјева. Поводот беше одбележување на 21 март –Денот на лицата со даунов синдром. Во дворот на училиштето со почитување на протоколите за заштита од ковид-19 беше организирана манифестација под менторство на наставничката Весна Гагаловска во која децата пееја, цртаа и пишуваа пораки за почитување на различностите. Ова беше само една оа активностите што ќе следуваат во рамки на прокетот „Свет за сите –зашто љубовта не познава пречки“ на Центарот „Порака“, а финансиски поддржан од Општина Битола.ДРВЦЕ

Децата заедно ќе изработат сликовница- боенка, рече Трајчевска

„Го одбележуваме 21 март- Денот на лицата со даунов синдром за да изразиме поддршка до сите семејства, сакајќи да покаме што е љубов и дека таа не подразбира пречки. Го најавувам проектот на нашето здружение со финансиска поддршка на Општина Битола, активностите ќе траат цела година. Концептот е да се направи краен производ сликовница-боенка за лица со попреченост. Целта е подигање на јавната свест почнувајќи од најмладата популација, па затоа ќе бидат вклучени деца со попреченост , нивни творби, деца од повеќе училишта во Битола. Сликовница-боенка зашто сакаме да ги срушиме бариерите , да ги намалиме предрасудите. Со мали чекори можеме да дојдеме до големи постигнувања“, рече Трајчевска.

Таа додаде дека децата со даунов синдром за разлика од порано, последните години се многу повеќе прифатени од средината.

„Знаеме дека ако тие имаат поголема поддршка од семејствата, поголема здравствена грижа од заедницата, пријателите, можат да постигнат многу во секој сегмент од животот, можат да спортуваат, да пишуваат, да работат, да оформат семејство, да имаат и деца“, рече Трајчевска.ДРВЦЏЕ 2

Во училиштето негуваме еднаков третман на различностите, рече Стерјева

Децата ја пееја песната „Сите сме исти“, на балоните испишаа пораки дека ги сакаат другарчињата со Даунов синдром, а нацртаа и како заедно играат.

„Како училиште кое се бори за правата и желбите на децата, имаме должност да го заштитиме секое дете. Децата со даунов синдром треба да ги негуваме, заштитиме, за да можат да се изборат за остварување на својата цел, а таа е да се слушне нивниот глас и нивното гласно и достоинствено право! Потребно е нивните гледишта да бидат слушнати и земени предвид, како и да се создадат услови за нивно учество во заедницата и придонес во изградба на општество во кое е обезбедено подеднакво уживање на човековите слободи и права, еднаков третман на различностите, со почитување и уважување на човековото достоинство. Унапредување, заштита и обезбедување, лицата со посебни потреби целосно и еднакво да ги уживаат човековите права и основните слободи, како и да го промовираат почитувањето на нивното достоинство, кое впрочем е и основна цел на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност, ратификувана од страна на Република Северна Македонија на 5 декември 2011 година“, рече Љубица Стерјева, директорка на ООУ „Тодор Анегелевски“ од Битола.УЧЕНИЦИ 5

ДРВЦЕ 4

Децата од најрана возраст ги учеиме на универзалната вредност дека сите сме еднакви, рече Петровска

Градоначалничката Наташа Петровска рече дека кога децата ќе ги вклучите од најрани години да размислуваат дека сите сме еднакви и сите имаме еднкави права навистина ќе изградиме вредности со кои ќе направиме да имаме позитивни поместувања во нашето општество и во човештвото воопшто.

„Со вакви настани покажуваме сите заедно дека сме еднакви, исти и дека само така можеме да градиме општество во кое љубовта ќе покаже дека има бескрајност. Општина Битола кога ја составуваше програмата за социјална заштита во рамките на собирањето на идеите ги зеде во предвид сите предлози кои ги имаа невладините организации, здруженијата и овој настан денес е резултат на потребите кои беа согледани тогаш и затоа имплеметнацијата и поддршката е видлива без никакви пречки“, рече Петровска.

На настанот имаше разни изработки од лица со попречености, како и други битолчани кои се борат со одредени болести, но и понатаму творат. На градоначалничката Петровска ѝ беше подарена изработка од неуморната и талентирана битолчанка Анета Бошевска..ПОДАРОК

УЦЕНИЦИ

УЧЕНИЦИ 3

ДАУНОВ

ВВ

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани