АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Организацијата на жени од Битола во рамки на чествувањето по повод 8-ми Март додели признанија на дваесетина кул битолчанки кои се посветени на својата професија и преку неа прават добри дела за градот.
„Доделивме признанија и благодарници на жени кои нешто значат во нашиот град, институции кои помогнале на нашата организација да ги спроведе свите активности, избравме жени од различни професии од нашиот град кои се грижат за својаста професија и прават нешто повеќе од она што е во описот и пописот на нивните работни места“, рече Светлана Петковска, претседател на Организацијата на жени.
Признанијата беа доделени во рамки на настанот „Еден друг вид на учители“ на Организација на жени во соработка со Националната установа универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ од Битола. Настанот беше замислен како спој помеѓу поранешните и сегашните наставници, учители, професори преку нивните искуства во својата работа со учениците. Директорката на Библиотеката, Јелена Петровска, рече дека со овој настан ќе придонесат положбата на учителот во нашето општество да го најде местото што го заслужува.
И меѓу кул битолчанките беа избрани и кул учителки како Весела Богдановиќ, Тања Грегова, кул професорка Лидија Анастасовска од средното Економско училиште. Кул мајка Пандора Попова, жената која го дари бубрегот на својата ќерка.
Кул докторка Ненси Лозанче од Интервентната кардиологија во битолската Клиничка болница, за која организаторите рекоа дека и дење и ноќе спасува животи на битолчани. Кул медицинска сестра Мимоза Секуловска од Одделението за нуклеарна медицина, која дури и телефонски ги потсетува пацинетите кога ќе им дојде терминот за преглед, да не го испуштат. Кул новинар Жанета Здравковска, кул невладин активист Даница Петличкова, кул планинарка Илинка Ристевска, која есента рамо до рамо со мажите го гасеше пожарот на Пелистер.
За кул градоначалнички беа избрани Наташа Петровска од Битола и Јасмина Гулевска од Могила.
„Јас, а истото важи и за сите други градоначалнички, имаме товар повеќе затоа што нашата работа ако биде успешна ќе отвори врата за сите жени, ако не, ќе носиме белег и товар од кој нема плакнење“, рече Петровска.
Гулевска пак, истакна дека од позиција на градоначалник безусловно им ја дава целата поддршка на жените, да има повеќе инклузивност во општеството и да се унапредат еднаквите можности меѓу мажите и жените.