2win800x200

Тешка слика во Ковид центарот во Битола, дури 103 хоспитализирани и 4 починати

Април 01, 2021

 

Тешка е сликата во ковид центарот во Битола каде на двете одделенија се хоспитализирани дури 103 пациенти најмногу досега од почетокот на кризата. Ноќеска починале и 4 пациенти од кои двајца од Битола на 62 и 64 годишна возраст, еден од Ресен на 65 гоидни и од Демир Хисар на 80 годишна возраст.

-Имаме дури 103 хоспитализирани, од кои 24 се нови приеми, а сме испишале 6 паценти. Нема пациенти со лесна клиничка слика сите се тешко, и на кислородна поддршка, изјави д-р Билјана Гагачовска директор на Клиничка болница Битола.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани