АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нехру за култура, е само една од морето награди што Коста Хаџиантоновски на животи ја имаше добиено за неговите подвизи во ликовната уметност. На денешната комеморација за идејниот творец на Малиот битолски Монмартр одржана во Пациото беа потребни најмалку десет минути за да се наведат сите признанија, ордени и награди што ги добил заслужено. На комеморацијата присуствуваа бројни почитувачи на неговито дело.
Настанот го водеше актерката Сандра Грибовска која рече дека како мала го посетувала студиото и била сведок на големата посветеност на Коста кон детската ликовна уметност.
Коста Хаџиантоновски беше роден 1935 година, заврши Школа за применета уметност во класата на познатите македонски ликовни уметници Борко Лазевски и Лазар Личеноски. Од 1981 година раководи со Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“. Има дадено непроценлив придонес во образованието и македонската култура. Беше роден педагог кој многу ги сакаше и живееше за децата. Добитник беше на многу домашни и меѓународни признанија. На Климентовата награда, два пати „4 ти Ноември“, еднаш за ликовна уметност и еднаш за животно дело, прогласен за заслужен ликовен педагог во Југославија, медал на честа на градот Париз, награда на фестивалот Монмартр на Европа, Орден од Фрнација за култура, признание Монматрт на Европа, награда Нехру за култура, медел на градот Хонг Конг, орден од Генерал штабот на Турција и многу други.
39 години го водеше Малиот битолски Монмартр, а по негова иницијатива налик на него колонии се создадоа и во Португалија, Хонг Конг и Ромнанија.
„Во телефонскиот разговор што го имавме пред да почине, ни го остави аманетот градот широко да ги остави отворени прегратките за децата од сиот свет зашто оние прекрасни моменти кога џагорот го слушавме низ нашите сокаци е нешто што овој град не смее да го загуби. И токму во втортото издание во вакви ковид околности, а 40 јубилејно издание на Малиот битолски Монмартр ќе биде одбележано онака достојно како штои заслужува Коста“, рече градоначалничката Натшата Петровска.
Братот на Коста, Стевче Хаџиантоновски, зборуваше за неговата љубов кон сликањето. Прите што ќе ги собереше од продадените уметнички дела ги донираше во хумани цели. Така средствата собрани од продажба на слики низ Југославија, ги донира како помош за санирање на последиците од земјотресот во Скопје.
„Уште од најрани години беше врзан со четката и сликата, ги цртеше големите паноа на биоскопот, така си го викавме ние зашто живеевме во соседство со кино Трудбеник, таму ги сликаше големите платна за големите филмски дела кои се прикажуваа во кината. Четката беше за него најважно нешто. Живеевмне во центарот на градот, се вработи во училиштето Кирил и Методиј, со учениците освојуваше вредни награди и признанија. Сликаше и за своја душа, беше познат по фолклорните елементи. При една посета на Галичната свадба направи циклус на слики и ги изложи во Малибор и Карловац. Реши приходот од продадените слики да го донира за земјотресот во Скопје“, рече брат му Стевче Хаџиантоновски.
Малиот битолски Монмартр да се институционализира, предложи адвокатот и поранешен портпарол на Детското ликовно студио, Никола Главинче.
„Во оваа прилика би апелирал до семејството, сите оние кои се вљубеници на неговото дело, би повикал дека најдобар начин за да се оддаде почит на неговиот лик и дело е да го институционализираме Малиот битолски Монмартр. Да добие третман на институција која ќе го обезбеди својот опстанок не во следниот пет до десет години, туку додека постои овој град и држава. Причините за тоа се оправдани зашто Малиот битолски Монмаратр е пример по кој се веќе институционализирани такви колонии во Евора, Португација, Кина, Романија, Србија... Монмартр има толку големи потенцијали и во квалитет и во квантитет што може да претставува број еден туристичка атракција во овој град. Коста често пати велеше ќе дојди ден кога Монмартр ќе биди на рамниште институционално со ‘Браќа Манаки’ и ‘Охридско лето’. Мислам дека тоа беше неговата последна желба. Тоа студио да добие институционална поддршка и еднаш засекогаш да го реши својот статус“, рече Главинче.
Коста Хаџиантоновски почина на 15 март годинава на 86 годишна возраст.