АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битола во моментот е најголемо жариште на КОВИД-19 затоа што базичниот репродукционен број R0 кој покажува колку лица може да зарази еден заболен , изнесува 1,48 и е највисок во државата. Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести, на прес конференција што се одржа денеска рече дека сега Битола е најголем проблем, а иако не може веднаш да се очекуваат резултати од новите мерки, сепак ефектите ќе се видат за две недели.
-Битола е проблем во државата со R0 1,48, односно еден заразува еден ипол граѓанин. Дали мерката ќе вроди со плод веднаш? Не. Меѓутоа одиме на подолги стази, а тоа е двонеделен период, за таков период доколку народот почитува мерки , ќе вроди плод. Имаме на територија на цела држава распространето ширење на вирусот , но бидејќи ја менаџираме состојбата, не би ја оценил како катастрофална, зашто се уште имаме здравствени капацитети за хоспитализацвија, рече Караџовски
Базичниот репродукционен број е различен во сите ргадови, па во Битола е највисок -1,48, а потоа следи Куманово -1,18, Тетово нешто над 1, а Скопје за првапат паѓа под единица и е 0,99.
-Пет градови во моментот се во моментот критични поради инфраструктурата и премореноста на здрасвениот пероснал, а епидемиолошката сосотојба е несигурна рече Караџовски.