2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Дигитализацијата на учебниците е неповратен процес, скап и треба да нуди креативна образовна програма, вели професорот Игор Неделковски ИТ експерт

Мај 05, 2021

Дигитализација на учебниците е нешто што неминовно ќе се случи дали по 5, 10 или 50 години, сепек, тоа е поцес неповратен, вели Игор Неделковски редовен професор на Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот „Св Климент Охридски“. Тој е експерт по ИТ технологии и е еден од ретките професори кои се охрабрија јавно да зборуваат дека дигитрализацијата на образованието е неповратен порцес.Prof d r Igor Nedelkovski

Тој напоменува дека не може да се спроведе преку ноќ, туку потребно е време и постепена имплемeнтација на процесот кој е многу скап. Според професорот, важно е дигитализацијата да понуди креативна образована програма, а не дигитализација на постоечките учебници.

„Клучниот елемент во оваа иницијатива што сега е актуелна е ние да добиеме информација што ќе значи дигитален учебник. Ако се смета дека овие учебници што се печатат ќе се дистрибуираат електронски како пдф документи, тоа е пропадната иницијатива и тоа е бесцелно. За да има бенефит од дигитализацијата треба да се изработаат нови учебници кои покрај текст ќе содржат и видеа, анимации, интерактивни содржини, квизови, учење преку наменски игри за различни возрасти, кои покрај забавен имаат и едукативен карактер“, вели Неделковски.

Тој ја објаснува постапката дека прво мора да се распишат огласи, тендери, да се спремат дигитални учебници што е многу скап процес.

„За таков учебник треба да се плати авторот по одредена област, но и експерти, дизајнери, ит експерти кои тие содржини што ги дава авторот би ги направиле во форма на анимации , видеа, се поактуелни се проширената реалност, виртуелната реалност. Значи зборуваме за еден подолготраен   и скап процес“, вели Неделковски.

Негов став е доколку дојде до дигитализација за учениците да се набават таблети.

„Ако се обезбедат таблети за сите ученици тогаш и тестирањети може да биде на час електронски. Па, ќе се намалат можностите за манипулација со текстови, пишување повисоки оценки и слично“, додава Неделковси.

Инаку, хардверот и софтверот се скапи и државата треба да утврди дали секоја година ќе има средства да вложува во овој процес бидејќи ако се оди на комплетна дигитализација треба секој ученик да добие таблет кој ќе го користи 4 години и потоа се расходува , не се враќа. Кај ИТ технологијата амортизацијата и книговодствено е 25 проценти годишно, па по 4 години уредот е непупотреблив.

Во однос на возраста од кога треба да се почне со дигитализација, Неделковски вели дека тоа е прашање за педагози и не е дел од експертизата за која може стручно да зборува.

Во однос на трендот на дигитализација на учебниците низ многу држави во светот има почетоци преку пилот проекти. И тој предлага реформите да се спроведуваат на тој начин за во одреден период да се согледаат позитивните или негативните страни.

Игор Неделковски е професор на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, Универзитет „Свети Климент Охридски“ -Битола и актуелен проректор за наука на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола. Во периодот 2017 – 2019 година, беше Декан на Факултетот за информатички и комуникациски технологии.Проф. Неделковски се здоби со докторат во 1997 година со дисертација од областа на компјутерско потпомогнато инженерство. Неговите области на научно истражување се компјутерски симулации и виртуелно инженерство.Тој бил координатор на најмалку 30 и учествувал во други преку 50 (вкупно повеќе од 80) истражувачки и развојни проекти, претежно меѓународни, финансирани од ЕУ, Стејт департментот на САД, УСАИД, ГТЗ, СИНТЕФ, СПАРК, национални јавни и приватни фондови, индустријата, итн.

Проф. Игор Неделковски е автор на околу 70 трудови објавени во списанија и конференции, претежно меѓународни, цитирани во повеќе бази на податоци како ISI Web of Science, SCOPUS, итн. Тој е автор на три универзитетски учебници и на неколку прирачници и белешки за предавања .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани