2win800x200

Во ЈП „Пазари“ лани си делеле парични награди и на празник и на делник

Март 18, 2018

За таканаречени јубилејни награди јавното претријатие „Пазари“ од Битола за 2017 година на вработените им поделило близу 18 илјади евра. Претпријатието последните години го раководеше Сашо Стаматов, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, кој си замина од функцијата пред Нова Година.

Во документот до кои дојде апла.мк пишува дека за „јубилејни награди“ ексраководството на претпријатието на своите вработени им поделило 1.076.660 денари. Со оглед на тоа што во претпријатието се вработени 37 лица, во просек секој вработен лани добил околу 29.000 денари покрај редовните плати.


Ова претпријатие, годишно располага со околу 400 илјади евра, што се смета за најскромен буџет во споредба со парите со кои располагаат другите јавни претпријатија во градот.  

Така, бивштото раководство на вработените во „Пазари “им поделило награди за православниот христијански празник Божиќ, за државниот празник 11 Октомври (парите се исплатени на 12 октомври 2017 г.), односно само три дена пред одржаните локални избори, потоа вработените биле почестени со пари од претпријатието и на 10 ноември, датум кој не се совпаѓа со празници, односно  „награда без повод“.

Од другастрана поранешното раководство затаило во исплатата на поединци во претпријатието кои требало да земат награда за јубилеј за 20 или 30 години од работењето во ЈП „Пазари“ . Работата отишла дотаму што вработениот го тужел претпријатието пред судот во Битола и го добил спорот. Сега, не само наградата, туку ЈП „Пазари“ треба да ги покрие и судските трошоци за постапката, и тоа поголема сума.

Актуелниот в.д. директор на ЈП „Пазари“, Александар Касапов, напоменува дека почнал во јавноста да презентира сѐ што се случувало во ЈП „Пазари“ и ветува дека ќе продолжи да работи транспарентно и отчетно.

Пред извесно време, на седница на Советот на Општината, Касапов јавно обвини дека во ЈП „Пазари“ од Битола се случувало во еден ден, а некогаш во два дена едноподруго за службеното возило да се точи гориво по 5.000 денари.

– Можам да ве уверам дека нема во „Пазари“ да се случува она што се случувало во минатото. Нема да се става гориво 50 литри во еден ден за 2.600 денари, а следниот ден повторно да се наточат 60 литри, наводно во истото возило. Нема да се полни гориво во еден ден во 15:30 часот за 3.000 денари, а во 16:50 часот – 2.000 денари. Вакви работи има уште многу – рече Касапов на советничката говорница на почетокот на февруари.

Службеното возило е „шкода рапид“ дизел и со неа се патувало најчесто до Скопје.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани