2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

В година ќе има дигитализација само за четврто одделение- МОН на интернет ги објави одговорите на барањата на фб групата

Мај 10, 2021

Министерството за образование и наука преку нивната интернет страница јавно одговари на барањата кои граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ ги достави минатата недела како услови за повлекување од намерата за поттикнување на учениците да ја бојкотираат наставата. 

По однос на обвинувањата за избрзани промени, од Министерството информираат дека новата Концепција за основно образование, изработката на нови наставни програми и нов Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали се предвидени со програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија и во претходниот мандат и во сегашниот, како и со Стратегијата за образование 2018-2025..

Мотив за промените, велат, дека се долгогодишните слаби постигнувања на нашите ученици на меѓународните тестирања како ПИСА и ТИМСС, но и барањата на наставниците, на многу генерации на ученици и нивните родители/старатели кои укажуваа на слабостите на националниот образовен систем, вклучително и на недоследности, нелогичности и дискриминаторски содржини во учебниците, а на сето тоа се одговараше со парцијални реформи кои не го дадоа очекуваниот ефект“.

„Повторно ќе појасниме дека новиот закон за учебници дефинира дека за учениците од прво до трето одделение и натаму ќе се обезбедуваат учебници во печатена верзија, имајќи предвид дека тоа е периодот во кој се гради однос кон книгата. Додека за учениците од четврто и погорните одделенија како прва опција ќе бидат понудени дигиталните учебници кои имаат многу повеќе мултимедијални содржини и анимации“, пишува во одговорите.

Дигитализацијата на материјалите за учење се воведува етапно. Започнува со четврто одделение во учебната 2021/2022 година, а секоја наредна ќе се опфаќа ново повисоко одделение и ќе се заокружи во следните 5 до 6 години.

Притоа, наместо само еден учебник по секој предмет, предвидено е да можат да се користат најмногу до три учебници, а за изборот одлучуваат наставниците на ниво на колектив во секое училиште.  

Законското решение предвидува за учениците кои се од социјално загрозени семејства и немаат уреди за учење од дигиталните учебници, како и за учениците кои поради попреченост имаат потреба од уреди или помошна технологија, училиштето е должно да обезбеди услови за секој ученик да има пристап до употреба на учебник. Како поддршка на училиштата, заедно со Светска банка ќе реализираме активност за нивно опремување со таканаречен библиотечен фонд на електронски уреди кои ќе им се даваат на времено користење на учениците кои потекнуваат од социјално ранливи семејства, за да можат истите да ги користат дигиталните учебници. Училиштата ќе бидат должни исто така да обезбедат и техничка поддршка(одржување) за сите ученици на кои им следува електронски уред.

Идејата на промените не е дигиталните учебници да се користат интензивно за време на наставата, затоа што тие се само дополнително помагало за совладување на наставната материја, а примарно средство е интеракцијата наставник – ученик. На часовите ќе се применува ИТ технологија само кога одредена тема од наставната програма го наложува тоа.

Особено е важно да се истакне дека со новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали, преку поставувањето на повеќе филтри во процесот на изработка и одобрување на материјалите за учење, ќе се елиминираат грешките и нелогичноститево истите, а содржината ќе се пишува на авторски јазик, односно со стил кој е разбирлив и соодветен на возраста на учениците. Ќе добиеме учебници во кои ќе се интегрираат родово сензитивните прашања, мултикултурализмот, еднаквоста, почитувањето на човековите права, граѓанското учество и слични принципи кои смедолжни да ги негуваме како демократско општество.

Така што, земајќи ги предвид овие факти, станува збор за првиот недискриминирачки Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали во Република Северна Македонија.

На едно од барањата на на граѓанската иницијатива да се исклучи сеопфатно родово сензитивно образование во основното образование, од Министерството одговараат: образованието има клучна улога во создавањето можности за трансформација на штетните родови норми и обрасци на однесување. На тој начин придонесува за намалување на распространетите родови стереотипи и на нив заснованата родова нееднаквост, дискриминација и насилство, а истовремено, им овозможува на децата раст и развој во согласност со нивните интереси.

На барањето да се креираат протоколи за одржување настава со физичко присуство во услови на пандемија, од МОН со одговор:

МОН како надлежна институција се залага за настава со физичко присуство на учениците, за таа цел веќе ги има подготвено сите Протоколи кои ја регулираат наставата со физичко присуство, но сепак оваа одлука  зависи и од епидемиолошката состојба во државата, препораките на здравствените власти и степенот на имунизација и создавањето на колективниот имунитет на населението. Наставниците и воспитниот кадар се една од приоритетните групи во започнатиот процес на масовна имунизација.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани