Одморете рајски во Рибниот ресторан „Рајска долина“

Мај 17, 2021

Ако сакате да ги споите природната убавина и неодоливото гастрономско уживање повелете во рибниот ресторан „Рајска долина“. Сместен во подножјето на село Куратица, на само 14 километри од Охрид, ресторанот нуди неповторливо уживање за сите сладокусци кои сакаат да уживаат во недопрена природна убавина и вкусна храна.

Езерцата со бистра вода, тревниците прошарени со летниковци за уживање, бујната вегетација, чистиот воздух и над сето тоа највкусните рибни специјалитети ќе направат да се чувствувате рајски. Уживајте во единствениот вкус на охридската пастрмка и крап, а воедно ќе ги вкусите и најпознатите македонски салати.

Ова е одлично место за семеен одмор, располага со катче за деца со различни видови играчки.

Наполнете ги батериите далеку од метежот, загадениот воздух и напнатоста. Уживајте боговски во единствената „Рајска долина“.

Телефони за резервации: 071/200-355

 и 078/261-271

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани