АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод Светскиот ден на лицата со мултипна склероза кој се одбележува на 30 мај, годинава и битолчани ќе се вклучат со свои активности. Агендата започнува од 27 мај и ќе трае четири дена до 30-ти. Настаните се под мотото „Гласно за М.С.“, а ќе се одржат во организација на храбрите битолчанки Анета Бошевска и Сања Поповска, како и Културниот центар „Везилка“.
-27.05.2021 четврток 18-20ч интерактивна работилница со психолог Ирена Николовска Ристановска
-28.05.2021 петок 18-20ч презентација на нутриционист Билјана Марковска
-29.05.2021 сабота 18-20ч отварање на изложба под наслов "Желба" на Анета Бошевска
-30.05.2021 недела 10ч тргнување Марш "Поврзување" - тргнување од пред Спортска сала до „Везилка“.
„Темата на настаните е поврзување. Да се зголеми свеста за присуството на оваа болест и сите кои се засегнати, да се воспостават меѓусебни врски за создавање на заедница чија цел ќе биде отворена комуникација и наоѓање на различни начина за функционирање и опстојување со реализација на заеднички поставени цели се разбира преку поврзување“, велат организаторите.
Оратор на маршот ќе биде битолчанката Сања Поповска.