2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Посетете го рибниот ресторан „Рајска долина“ и уживајте во убавините на пролетта

Мај 31, 2021

Пролетта, една од најубавите годишни периоди, кога бујната вегетацијата ви ги обзема сите сетила, почувствувајте ја во „Рибниот ресторан“ сместен во подножјето на село Куратица, близу Охрид. Се повеќе битолчани и туристи од Преспанско-пелагонискиот регион се одлучуваат викендите да ги минат таму спојувајќи ги природната убавина и неодоливото гастрономско уживање. Оние кои еднаш биле, секогаш се враќаат повторно задоволни од услугата, храната и амбиентот.

Рибниот ресторан „Рајска долина“ сместен во подножјето на село Куратица, на само 14 километри од Охрид, нуди неповторливо уживање за сите сладокусци кои сакаат да уживаат во недопрена природна убавина и вкусна храна.

Езерцата со бистра вода, тревниците прошарени со летниковци за уживање, бујната вегетација, чистиот воздух и над сето тоа највкусните рибни специјалитети ќе направат да се чувствувате рајски. Уживајте во единствениот вкус на охридската пастрмка и крап, а воедно ќе ги вкусите и најпознатите македонски салати.

Ова е одлично место за семеен одмор, располага со катче за деца со различни видови играчки.

Наполнете ги батериите далеку од метежот, загадениот воздух и напнатоста. Уживајте боговски во единствената „Рајска долина“.

Телефони за резервации: 071/200-355

 и 078/261-271

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани