АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЈП „Комуналец“ од Битола не им дозволило на граѓаните да ги земат цветните садници од аранжамните низ градот, а овој вандалзиам, велат , дека ќе го пријават во полиција. Директорот Панде Боговски вели дека и оние цветни садници кои што се заменуваат, се веќе испланирани за други локации. Тој додадва дека, сепак, за среќа не е уништен системот за наводнување и апелираше граѓаните да не ги уништуваат аранжамните низ Битола.
-Ниту можеме, ниту сакаме, ниту смееме да му дозволиме некому да зема од цвеќињата. Цветниот расад и сите активности со кои управуваме, се наша грижа, наша обврска, и ниту на крај памет не сме помислилр некому да дозволиме тоа да го прави. Затоа што, тоа може да биде една лоша навика, и праќа лоша порака. Ние случајот ќе го пријавиме во МВР и нека постапува полицијата. Да, се врши замена на сезонските садници, но тие сезонски садници што ги вадиме, планираме да ги користиме за други позиции, за други места. Ова е вандалски чин и слката делуваше многу лошо и грубо. За цела среќа, барем не ни го оштетија многу системот за наводнување. Ова не е првпат, но МВР и комунална инспекција се тие кои што треба да постапат, рече Богоевски
Вчера на социјалните мрежеи вирално се ширеа фотографии на група граѓани кои на среде бел ден полнеа најлонски кеси со цветни садници од леите кај Безистенот во Битола.
„Не ги садат, ги крадат. Среде бел ден. Во Битола“ пишуваат твитерџиите
Битолчани во коментари го осудија овој чин, а некои бараат казни за ваквото однесување на некои сограѓани
„1000 евра казна и еден месец на располагање на „Комуналец“, бележани во специјални маички“, коментираа битолчани на ФБ
Други пак коментираа дека Комуналец дозволил граѓаните да ги земат цветните садници, затоа што се саделе нови, што денеска директорот Богоевски го демантираше.
Групата не е вознемирена што минувачите околу нив чудно ги гледаат, туку ја продолжуваат својата операција на полнење на кесите со љубичици.
Оваа појва е честа во Битола, кога цветните садници исчезнуваат веднаш откако „Комуналец“ ќе ги посади.