АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во организација на Федерацијата на планинарство на Северна Македонија, во Хотелот Молика на Пелистер викендов се одржува обуката за планинарски водичи за планинарење по лесни патеки во летни услови. На обуката која започна вчера , а ќе трае до 26 мај, учесници се 25 искусни планинари од планинарски клубови од Македонија и Црна Гора..
Ориентација, прва помош, употреба на ГПС технологија, психологија на водење, планинарска опрема, изработка на засолниште и преноќување, заштита на природата и многу пракса се дел од темите со кои кандидатите ќе стекнат дополнително знаење потребно за водење на планина. По обуката кандидатите се здобиваат со звање Планинарски водич во Категорија А1.