Webp.net gifmaker

И новите контејнери не им се погодија на битолачни, наместо во нив ѓубрето го оставаат пред нив

Мај 22, 2021

Тешко се менуваат лошите навики на некои наши сограѓани. Само два дена откако се поставени новите поздземни контејнери на улицата „Васко Карангелевски“,  ѓубрето, наместо во нив  повторно е расфрлено наоколу, а вреќи  се оставени до отоврите.

189598513 2971863196414832 5467687452785355483 n

 

На некои овдешни жители не им се допаднаа новите современи подземни контејнери, па ги довлечкале пред зградите старите, од кои се шири непријатна миризба и постојано се со отворени капаци

контејнери2

ЈП Комуналец, на 5 локации на улицата „Васко Карангелевки“ постави 12 подземни контејнери. Советот на Општина Битола веќе даде одобрение за градба на ЈП „Комуналец“ за поставување вакви подземни контејнери во центарлното градско подрачје, односно на просторот кај Безистенот, кај Јавор, кај Стаклената зграда, Театарот.

Овој дел од градот го менува ликот не само со подземните контејнери, туку има зголемени се зелените површини и хортикултурно се уредени, поставени се нови клупи, потоа целосно е променето уличното осветлување со ЛЕД светилки, а преземени се активности за смирување на сообраќајот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани