2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битолските атлетичари со 4 медали од Државното првенство во атлетика за младинци

Мај 31, 2021

Викендов, над 150 натпреварувачи земаа учество на Националното првенство за младинци во атлетика кое се одржа на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Членовите на Атлетскиот Клуб Олимп од Битола со одлични резултати:

  • Изабела Насковска 1 место 1.500м 5.37
  • Христијан Котевски 2 место 400м 52.60
  • Наталија Чона 2 место 100м 13.44 3 место 200м 27.75

“Зад нас е еден одличен викенд во Скопје, во кој нашите Наталија, Изабела и Христијан се враќаат со вкупно 4 медали и пласмани на врвот на Државно првенство во атлетика за младинци. Она што воодушевува е што овие резултати се резултат на нецела година тренинзи, што само најавува блескава иднина за овие атлетичари, а и за нашиот клуб” - истакна Демир Даутовски тренер на АК ОЛИМП.

Ова дава мотив да се работи посветено со овој спорт по кој Битола децении наназад беше позната, а сега да се стреми кон промовирање на нови генерации на се подобри атлетичари. Во моментот уписите за нови членови во АК ОЛИМП се во тек, што е убав повик до сите заинтересирани да станат членови на овој трофеен клуб.

Оваа година на Младинското првенство во атлетика беше дозволен и настап на сениори со оглед на тоа дека ни престојат многу меѓународни натпревари, а факт е дека е олимписка година и треба да избереме кој од Атлетската Федерација ќе не претставува на Олимпијада во Токио. На првенството беше забележан и нов врвен успех, атлетичарката Дрита Ислами после три години го собори државниот рекорд на 400 метри со пречки со резултат од 58.66 и тоа претставува најдобар резултат постигнат за оваа сезона по IAAF бодови.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани