АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Турбо културно инјектирање ќе предизвика 22 издание на Интернационалниот фестивал на монодрама кое од 22 до 27 јуни ќе се одржи во живо во Битола. Одржувањето на фесивалот кој го организира Центраот за култура од Битола ќе биде вистинско културно освежување по одложувањето на фестивали и претстави што се случуваше на секаде низ светот, па и кај нас поради пандемијата во изминатите месеци. Токму, затоа и симболично го носи името „Зад отворени врати“.
„Уметноста секогаш го наоѓа својот модус вивенди, преживеала војни, цензури, пандемии, а нашата генерација ќе биде уште една која ќе раскажува за затворани театри, концерти, за замолкнување на уметноста. Пандемијата силно ја погоди уметноста, но уметниците го возвраврија ударот творејќи , изнаоѓајќи форми за да преживееме. Ударот е возвратен со силна мисла, јасен став со квалитет. Уметноста говори гласно“, рече директорката Маја Андоновска-Илијевски.
И не само што монодрамата се враќа на битолската театарска сцена, туку годинава има и најголем број на монодрами домашни.
„Пријатно сум изнаненаден од бројот на монодрами што ги имаме на фестивалот. Тоа е доказ дека во ова специфично време со доста негативни појави од здравствен карактер, актерите не беа тие кои се пасивизираа и кои се поткажаа од својата работа, и за среќа овогодинешното издание има 10 монодрами во конкуренција и една вон конкиуренција“, рече селекторот Пепи Мирчевски.
Свеченото отворање е на 22 јуни во вторник со почеток во 20 часот во Големата сала на Народниот театар во Битола со „Кармен“, во режија и драматизација на Дејан Пројковски, актер е Билјана Драгичевиќ-Пројковска , продукција Драмски театар Скопје. Истиот дена на фестивалскиот репертоар ќе биде и „Дневникот на лудиот 2-човекојадство“ во режија на Ѓорги Ризевски, а актер Бобан Алексовски, продукциоја на Незвисен театар Златен Елец од Скопје.
На 23 јуни „Избувливиот човек“ во режија Перо Даниловски, а актер Ефтим Гаурски, продукција НУЦК „Бели Мугри“- Кочани. Истиот ден следува „Кротка“ во режија Дејан Ангелов, актер Стојан Велков, продукција „Транзен“ Струмица.
На 24 јуни „Петто годишно време“ танцтеатарски перформанс автор Сашо Димовски, режија Васил Зфирчев, актер Олга Панго , продукција Театар Ј.Х.Џинот Велес. Истиот ден публиката ќе има можност да ја проследи и монодрамата „ЗОО приказна„ авторски проект на Здравко Стојмировски.
На 25 јуни „Прво лице иднина“ режија Драгана Стојчевска Гунин, актер Владанка Димковска, независна продукција во копродукација со Театар Куманово. Истиот ден и „Исмена“ автор Катерина Момева, режија Елеонора Теова, актер Моника Ставревска во копродукција на Велешки театар.
Во сабота на 26 јуни „Лидија или се што знам за жените“ режија и актерска игра Игор Трпчевски- Театарска работилница Прилеп и „Последната лента на крап“ во режија и изведба Ѓорги Јолевски копродукција на Народен театар од Скопје и Перипетија продукција од Скопје.
Фестивалската завеса се спушта со претставата „Луди за љубов“ во режија на Јован Ристовски, авторки прокет на Хари Михајловски, а играат актерите Борис Чоревски, Илина Чоревска , Хари Михајловски и Валентино Апостоловски.
Вон конкуренција е монодрамата „Најлон“ по сценарио и режија на Благој Мицевски, а кореограф и танчер е Валентино Апостоловски, независна продукција. Ќе биде изведена на 22 јуни.
Монодрамите ќе се играат во Големата сала на Театарот, Центарот за култура, Пациото и Театар-кафе. Претседател на жири комисијата ќе биде Весна Бејби Петрушевска, а членови Тодор Кузманов театсрки критичар и Љупчо Ѓоргиевски-Бубе режисер од Битолскиот театар. Ќе се избираат најдобар акатер, најдобра режија и Гран при која покрај статуетката носи и награда од 30 000 денари.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола