АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„History of motherfuckers“, новата премиера на Народниот театар од Битола е приказна за превртливоста на човечкото општество и лецемерието на секој чекор, рече познатиот српски режисер Андраш Урбан кој по трет пат поставува претстава на битолската театарска сцена. Премиерата е овој четврток и петок од 20 часот на Големата сцена на Народниот театар од Битола. Претставата е работена според „Кориолан“ на Шекспир и авторски текстови на Врдрана Божиновиќ. Композитор е Ирена Поповиќ Драговиќ, сценограф Валентин Светозарев, а костимограф Благој Мицевски. Играат пет актери Иван Јерчиќ, Соња Михајлова, Викторија Степановска- Јанкуловска, Сандра Грибовска и Николче Пројчевски.
„Претставата се занимава со онаа стварност која ние ја познаваме, не зборувам за македонската, туку она што го запознавме на овие простори кој понекогаш го викаме Балкан, Регион, а од друга страна и Европа. Тргнуваме од тоа како граѓанинот го доживува светот. Какво исксутво ни дала досегашната реалност? Кориолан е приказна која е поставена од римско време и го носи во себе судирот на автократското и демократското. Во приказната и во претставата провејува односот кон демократијата“, рече режисерот Андраш Урбан.
Драматургот Ведрана Божиновиќ рече дека приказната за Кориолан е приказна за еден за нас многу актуелен момент.
„Општеството се наоѓа во транзиција, а ние живееме во вечна транзиција веќе 20 години и знаеме одлично како тоа изгледа. Општеството се наоѓа во момент кога народот сака да гласа. Ние жевееме во моменти кога народот секој по малку одлучува дека работите ќе ги преземе во свои раце, а работите со години остануваат исти. Ова е приказна за држава која врз база на направените закони го отфела поединецот надвор од државата“, рече Божиновиќ.
Ова е трета премиера на Народниот театар во оваа пандемиска година, а директорот Иван Јерчиќ најави дека претставата треба да гостува на Охридско лето на 16 јули, а пред тоа и на Шекпир фестивалот во Србија на 3 јули.