АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претседателот на ЛДП и пратеник од Битола, Горан Милевски попладнево бил физички нападнат на плоштадот Македонија во Скопје.
Настанот се случил во 16,30 часот, додека Милевски се движел по плоштадот, кога едно лице му се нафрлило удирајќи го со тупаници, при што пратеникот се здобил со лесни повреди по лицето и главата.
Милевски за Апла.мк го потврди настанот.
Случајот е пријавен во полиција и се преземаат мерки за негово расчистување.