2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Предвелигденски си ги исчистија просториите и сметот го фрлија пред училиште

Март 26, 2018

Вц казанчиња, други елементи од тоалет, теписони, канцелариски материјали, облека и друг гломазен смет преку викендов беа исфрлени во контејнерот на Основното училиште „Гоце Делчев“ од Битола.

Се претпоставува дека пред школото, како да се работи за некоја депонија, од сметот се ослободиле несовесни граѓани кои живеат или работат во близина на улилиштето по предвелигденското чистење на домот или канцелариите.

Директорката на Основното училиште „Гоце Дечев“, Зора Дамјанова, вели дека сите вработени во школото се запрепастиле утрово кога ја виделе грдата слика. Соседите ги известиле дека во контејнерот кој е во сопственост на школото, некој фрлал смет од петокот вечерта, па потоа и преку викендот.

„Се претпоставува дека сметот е фрлен од граѓани кои живеат на оваа улица. Ние случајот ќе го пријавиме во комуналната инспекција, но во иднина ќе се внимава кој фрла за да се открие и сторителот и повеќе да не се повторуваат вакви ситуации“, вели директорката.29512215 1658399980921150 3715613187283208995 n

Таа објасни дека претходно контејнерот бил во школскиот двор, но ситуацијата не била подобра. Несовесни граѓани и таму фрлале смет, па се случувало да остават стари кревети, јоги и друг мебел.

Од Јавното претпријатие „Комуналец“ претпладнево го подигнаа сметот од пред школото..

„И на прес конференција соопштивме дека како претпријатие сме расположени гломазниот отпад на граѓаните да им го крениме од дома, единствено што треба да направат е да се јават. Вака чистиме секаде каде што има проблем. Но, не можеме да исчитиме онолку колку што граѓаните можат да извалкаат“, вели Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец“ од Битола.

Тој додава дека имало и други случаи смет да се фрла во контејнери крај училиштата.

Од Комуналната инспелција рекоа дека случајот е евидентиран и инспектор излегол на терен. Парична казна може да следа доколку се открие сторителот.29513056 1658399997587815 7651736894285362905 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани