КУД „Илинден“ на светската фолклоријада во Русија

Јуни 18, 2021

 

КУД Илинден Битола ја започнува своја концертна сезона со големиот концерт кој во недела на 20 јуни ќе се одржи во прекрасниот амбиент на Пациото на Завод и Музеј Битола. На концертот ќе биде изведена богата програма на сите групи од ансамблот, детските, младинските групи, како и главниот фолклорен ансамбл на КУД Илинден Битола.

“Овој концерт е увертира на бројните  активности со кои ќе ја слави уметноста на фоклорот и традицијата кои се планирани до крајот на календарската 2021 година и е вовед во она што следи, а тоа е најпрво учеството на најзначајниот фолклорен настан во Светот - 6 тата Светска фолклоријада во Уфа, Русија, во организација на ЦИОФФ, каде КУД Илинден ќе биде претставник на Македонија, заедно со врвни фолклорни ансамбли од преку 60 држави од целиот свет”-истакна Борче Димитровски, Потпретседател на КУД Илинден Битола. 

На агендата на КУД Илинден, по завршувањето на Фолклоријадата во Русија е планиран музичко сценскиот проект "Приказни од чаршијата" кој ќе биде дел од официјалната програма на фестивалот ЛОКУМ ФЕСТ во Битола, а кон крајот на месец јули традиционално со Комитското ќе го отвори републичкиот фестивал на народни песни и игри Илинденски денови, каде ќе се претстави и со сценската адаптација Цапарските бабари.

Во текот на летниот период е планиран специјален настан по повод промоцијата на најзначајниот пишан документ - Монографијата "65 години КУД Илинден Битола", како и настап на фестивалот "Чувари на традицијата" во Вевчани. Исто така планирани се концерти и настапи во Крушево, Демир Хисар и Охрид.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани