Уметници од Битола и Грција ќе слават 130 години од градбата на пругата Битола- Солун и бараат пак да заживее

Јуни 18, 2021

Уметници, пред се` актери, од македонска и грчка страна на 26 јуни со културни перформанси на железничките пруги во своите градови ќе одбележат 130 години од почетокот на градбата на пругата Битола- Солун од 19 век, а и ќе порачаат дека редно е да се поврзи пругата од Битола со онаа од Лерин (Флорина) и низ неа да сообраќаат возови.

Од Битола во проектот е вклучен Интимен театар, единствен учесник од македонска страна, а од Грција се вклучени културни друштва од Флорина (Лерин), Верија (Бер) и Тесалоники (Солун) и уште пет други градови.

„Целта е да се прослават 130 години од градењето на таа многу важна артерија Битола-Солун која била од витално значење за луѓето од овој регион, а исто и да повикаме дека е важно таа пруга во иднина да постои . Од наша страна имаме пруга Битола- грчка граница, а потоа може човек да земи линија Лерин –Солун, но возот не ја поминува границата. Овој проект сака да обрне внимание на овој проблем колку е важно да постои оваа железничка линија и колку ќе биде важна за иднината на овој регион во трговска, социјалчна смисла како линк меѓу двете држави“, рече Софија Ристевска основач на Интимен театар од Битола.

На 26 јуни во 20,30 часот по македонско време, а 21,30 по грчко, поточно истовремено, на сите девет места, на железничките станици, ќе има културна програма на тема железницата, возовите и луѓето..

„Интимен театар“ има потреба од финансиска помош за да може да ја збогати културната програма што ќе ја изведе на битолската железница. Доколку биде потпомогнат од локалната заедница покрај драмска , ќе има и музичка програма.

Пругара Битола- Солун почнала да се гради во 1891 година, а се доградила 1894 година. Функционирала некаде до периодот на Балканските војни и потоа престанака да се користи и се руинира.

Со цел Битола да се поврзи желзенички со соседните општини од грчка страна до 2019 година се изгради нова пруга од Битола за грчка граница, но се` уште не е пуштена во употреба. При секое новинарско прашање до надлежните министерства кога ќе свирне возот од Битола за Лерин одговараат дека треба да се договорат уште некои технички детали. Во меѓувреме, не само што железницата не е пуштена, тука затворен е и граничниот премин Меџитлија- Ники на македонск-грчката граница.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани