АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Најстaриот сончев часовник –хорологион во регионов е откриен во Херајлеја, а датира уште од 157 година, денес се наоаѓа во поставката на Завод и музеј- Битола. Во античкиот локалитет имало и керамички светилки од 4 век пред нашата ера. Битолскиот Безистен бил изградан над друг објект кој на тоа место постоел пред да се подигне овој османлиски архитектонски бисер. Гулабите во Битола се капат само на едно место во Драгор, а тоа е во делот пред Ректоратот. Ова и многу други знајачни податоци за градот под Пелистер, содржи најановата книга на долгогодишниот новинар на МИА, д-р Марјан Танушевски- „Битолски хорологион“. На стотина страници објавен се 21 натпис за значајни култирно-историски белези на Битола, за нејзиното пулсирање низ вековите, важни личности, здруженија, манифестации. Тоа се текстови кои Танушевски ги има објавувано во Медиумската информативна агенција, на теми кои говорат за зачењето на Битола низ вековите, а сега одлучи да остави траен белег обајвувајќи ги во книга.
„Сакав промоцијата да биде токму денес, да ја види книгата светлината на денот. Денес е 21 јуни летен солстициум, најголемиот или најдолгиот ден во годината. Денешниот ден трае точно 15 часа 14 минути, најмногу сонце од изгрејсонце до зајдисонце и мислев дека тоа е најдобра асоцијација на хорологионот , сончевиот часовник. Имено, најстариот сончев часовник (хорологион) на овие простори е од Хераклеја. Го направиле во 157 година за да го сметаат времето“, рече Танушевски.
Издавач на книгата е Македонското научно друштво од Битола, а печатењето го помогна и Општина Битола.
„Да имате идеја чија реализација подразбира можност да ставите белег на курсот на живеење на градот низ вековите, без двоумење заслужува поддршка. Книгата укажува на социјални, културни, економски и низа други аспекти на живеењето во градот. И сето тоа низ научен белег кој е исклучитечно значаен. Се радувам што се промовира токму денес, на најдолгиот ден кој е симбол на долгото милениумско постоење на нашиот град“, рече градоначалничката Наташа Петровска.
Промотори и рецезенти на книгата беа директорот на Државаната агенција за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски и новинарката Анета Шијакова.
„Иако сум скопјанец и покрај ривалството со Битола, второ место на кое би избрал да живеам е градот Битола. Тоа е така зашто градот Битола има поголема душа од други градови, повеќе интелектуалци од други градови, повеќе дадено на нашата држава. Оваа книга не потсетува што ние сме должни да направиме. Во неговото 20 годишно работење во МИА тој ги нанижа како мониста најубавите нешта што ги дал за Битола. Книгата се чиста во еден здрив. Но, доколу сакате да ја откриете нејзината длабочина ќе ви биде потребно време да навлезете во секоја приказна, враќајќи се неколку пати на пишаното“, рече Јаневски.
Рецезентот и новинар Анета Шијакова рече дека во книгата како бисери се наредени вистинските вредности на Битола.
„Голем број културно-историски знаменитости се посочени тука, но на еден ненаметлив начин, интересен , краток начин зашто денес луѓето немаат време на долго да читаат. Оваа книга им овозможува на сите да видат што е интересно во Битола. Важна е и за туристите, но само за нив, туку и за битолчани. За миг ќе помислите дека во Битола нема што да се доистражи дека се е кажано и познато , градот е стар, познат, но книгата покажува дека има многу други работи. Податоци кои и ние битолчни не ги знаеме“, рече Шијакова.
Таа уште нагласи дека книгата е и обврска за градот за подобра туристичка инфратруктура.
„И не само за туристичка, зашто во сезона се наменети за туритстите, но цела година се наменети за нас битолчаните. Затоа сите заедно да дадеме свој придонес ова да стане поголема реалност, поблиска до публиката, туристите, но пред се за битолчани и верувам дека тоа ќе биде така“, рече рецезентката.
Првиот примерок од книгата Танушевски ѝ го подари на сопругата Мимоза Танушевска, воедно заблагодарувајќи се семејството за големата поддршка.