2win800x200

„Некој луѓе“ најдобри бељотџии во Битола

Јуни 27, 2021

На првиот хуманитарен турнир во бељот што денес се одржа во Битола победи тимот кој себе се нарече „Некој луѓе“. Организаторите од „Ротаракт клубот“-Битола соопштија дека во турнирот „Дали си ти најдобрио битолски бељотџија“ учествуваа 16 тимови од градот, а во финале учествуваа „Некој луѓе“ и „Деветка спастија“ при што првите ја понесоа победата. Турнирот беше со хуманитарна цел, па картаџиите плаќаа по 300 денари за учество, а парите ќе се искористат за донација во некоја од институциите, најверојатно во Детското одделение во Клиничката болница во Битола. В година турнирот пак ќе се одржи, а организаторите ветуваат дека ќе биде уште побројно.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани