2win800x200

ПРОЧИТАЈТЕ-ОБЈАВЕНА ЛИСТАТА НА СУБВЕНЦИОНИРАНИ АПЛИКАНТИ НА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ВЕЛОСИПЕДИ

Јуни 30, 2021

 

Општина Битола, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на превозни средства кои не го загадуваат воздухот, објави јавен повик со кој им обезбедува поврат на дел од потрошените средства за купување на велосипеди, од денот на објавување на повикот.
Според условите во јавниот повик, бројот на лица кои ќе добијат средства е ограничен до висина на предвидениот буџет на Општина Битола за оваа намена, а распределбата на средствата се иврши по принципот „прв дојден, прв услужен“.
На јавниот повик за надомест на дел од трошоците за купување на велосипед за граѓаните на подрачјето на Општина Битола за 2021 година, се пријавија 297 апликанти. Од пријавените, според зададените услови, субвенционирани се 129 лица. На следната листа, се дадени имињата на субвенционираните апликанти.
Лицата кои што не се на листата, на 01.07.2021 година и на 02.07.2021 година, можат на шалтерите да ја подигнат доставената документација..
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани