2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Крадат кабли од подземната мрежа на Телеком и оштетуваат шахти во Битола

Јули 02, 2021

Изминатите месец дена Македонски Телеком се соочува со голем број кражби на кабли и подземна инфраструктура, со што се случуваат и прекини во сервисите кои компанијата ги обезбедува до своите корисници во Битола.

Изминатиот период, ваквите кражбите и оштетувањето на каблите и подземната инфраструктура се случуваат често, така што ова претставува голем проблем и сите случаи се веќе пријавени до надлежните органи.

Последиците од ваквите појави, покрај компанијата ги имаат и корисниците кои остануваат без услуга бидејќи е потребно време за санирање на направената штета, и покрај брзата реакција на техничките екипи.

Начинот на којшто се сечат каблите и се оштетува самата подземна мрежа, прави од една страна значителна штета на Македонски Телеком, а од друга страна се зголемува времето потребно за враќање на мрежата во нормална состојба.

Мета на кражбите најчесто се бакарни кабли од подземната мрежа на Македонски Телеком, а при тоа, освен што се сечат кабли, се прави и оштетување на пристапните шахти. Се верува дека кражбите се прават поради продажба на бакарот кој има висока цена на пазарот.

Досега има најмалку 10-тина случаи на оштета и кражба во Битола и Скопје, со што станува јасно дека се работи за планирана активност која не случајно ги има избрано подземните телекомуникациски мрежи.

Кражбите се пријавени кај надлежните органи и веќе Министерството за внатрешни работи работи на расчистување.

„Работиме на расчистување на случаите и соодветно санкционирање на сторителите“, велат од МВР и ги повикуваат граѓаните ако забележат некои сомнителни активности околу шахтите на Телеком, навремено да алармираат за да се спречи понатамошно оштетување и крадење на опремата.

Корисниците кои се имаат соочено со прекини на сервисот во овој период како последица на ваквиот вандализам а коишто траат подолго од вообичаеното време за решавање на пречки, треба да бидат информирани за што се работи и дека овој проблем секако ќе биде решен.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани