2win800x200

Преку 70 кандидати се пријавиле за советник за листата на СДСМ во Битола

Јули 06, 2021

 

Преку 70 кандидати за советник се пријавиле за советничката листа на СДСМ за претстојните локални избори, констатирал ИО на ОО на СДСМ во Битола на синоќешната седница. Дел од пријавените кандидати се од актуелниот состав на Советот на општина Битола кои со своето работење се наметнаа во јавноста како добри познавачи на состојбите во градот, додека добар дел се нови  и помалку познати партиски членови.  Неофицијално, од актуелените советници кандидатура поднеле Методија Илиевски, координатор на советничката група на СДСМ, Борче Корлевски, Елеонора Илиевска, Виолета Дракалска, Тања Крнчева, Жаклина Наумовска и  Влатко Шеровски. 

Според правилникот на партијата постапката за избор на кандидати за градоначалник и советници треба да заврши на 30 август годинава. 

За кандидати з аградоначалник синоќа официјално кандидатури поднесоа актуелната градоначалничка Наташа Петровска, првиот човек на ЈКП „Водовод“ Горан Козаров и актуелниот советник Зоран Стојчевски вработен во АПРЗ. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани