2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

За Илинден и Битола ќе има своја коњаница, ќе се приклучат и две девојки

Јули 06, 2021

Петмина битолчани, од кои три машки и две девојчиња, годинава ќе ја предводат Битолската коњаница која ќе биде дел од традиционалниот коњички марш по повод македонскиот национален празник Илинден.

„Битолската коњаница ќе тргне на 26 јули од село Цапари, каде преходно ќе има црковна служба, а ќе се положи и цвеќе на Споменикот на паднатите борци од илинденскиот период и од НОБ. Одлучивме коњаницата да тргне од Цапари зашто што ова село има богата историја, таму имаат загинато 96 илинденци. Целта е да да се оддаде чест кон храбрите предци кои животите ги дале за нашата земја“, велат за Апла.мк, организаторите на коњаницата.

Од Цапари ќе се упатат кон Битола. Со коњите ќе минат низ дел од големите улици, како што е Булеварот Први Мај, а планирано е да се појават и на Широк Сокак до Епинал каде фолклорен ансамбл ќе ги поздрави со македонска песна и оро. Потоа заминуваат за Бигорски манастир, од каде заедно со Бигорската коњаница ќе го продолжат патот за славно Смилево. Таму ќе бидат дел од коњаничкото дефиле за време на Илинден.

Иницијативата Битола за првпат да добие коњаница е на членови од ДПД „Архангел“ Битола. Ќе учествуваат Зоранчо Талевски, Ѓорги Стојчески,  Гоце Стојчески, Јована и Симона Талевска. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани