АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Познатата американска ладино пејачка Сара Ароестe, која води потекло од старо битолско еврејско семејство, оваа сабота со почеток во 12 часот, на пладне, ќе снима флеш видо моб пред куќата на нејзините предци на Широк Сокак. Настанот ќе биде пред пицеријата Равена која е сместена во објектот каде до Балканските војни живеело семејството Ароесте.
„Минатата година содадов музички албум со песни од Битола поврзни со животот на еврејската заедница. Во овој прокет учествуваа 30 музичари од Македионија и Израел, а песните беа на македонски и еврејски јазик отпеани. Сега сакам да снимам флеш видо моб пред куќата на моите предци и ги повикувам сите битолчани кои сакаат да учествуваат во видото да присуствуваат во сабота во 12 часот. Можат да снимаат и да споделат“, рече Ароесте.
За следната година, кога се надева дека короната конечно ќе исчезни, Сара најави дека заедно со мусичарите ќе го промовираат албумот на повеќе фестивали.
„Благодарение на мојот дедо пораснав знаејќи дека моето семејство има потекло и долга семејна лоза од Битола. Слушав многу приказни и отсекогаш мојот сон беше да дојдам лично да ја посетам Битола. Приказните ми беа пренесувани преку слики и видеа кои беа зачувани од мојот дедо. Ми кажуваше како секогаш бил возбуден кога пашата доаѓал во градот, за храната која ја јадел тука, дека прадедо ми бил добро познат во Битола. Слушнав дека биле трговци со облека“, раскажа Ароесте.
Нејзините предци Битола ја напуштиле за време на Балканските војни, поради лошата економска состојба и законот кој налагал да се приклучат кон војската. Подоцна, во 1930 година баба и и дедо и Битола ја посетиле за време на свадбеното патување. Снимиле црно-бел видео материјал кој пејачката им го презентираше на битолчани за време на концертот.
„Овие спомени се посебно болни за мене зашто баба ми и дедо ми се вратиле во Америка, но другите роднини од семејството Ароесте и Нахмијас загинале во холокаустот. Нивните имиња ги прочитав на листата со жртви од Втората светска војна која е прикачена на Еврејските гробишта во Битола“, рече пејачката.